40 БРИТАНСКИ ВОЈНИЦИ ДОШЛЕ ВО БИХ ЗА ДА ГО ЛИКВИДИРААТ ДОДИК?! Претседателот на Република Српска сака воен сојуз со Србија и со Унгарија
На прашање за сценариото што го повикуваат дури и пратеници од партијата на Бакир Изетбеговиќ (СДА) - дека треба да се пука на полицијата на Република Српска ако го брани Додил - претседателот на Република Српска рече дека никој не треба да настрада и ги замоли сите да бидат рационални.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, порача дека нема да го скршат политичките процеси и дека нема да се откаже од борбата за Српска. Тој нагласи дека Британците сакале да го ликвидираат на мафијашки начин, со приказна дека „пружал отпор“, објави Новости.
Додик изјави дека тоа му го кажале премиер и тројца претседатели на европски држави.
– Ми рекоа дека во БиХ била префрлена британска единица од околу 40 војници со наредба, не да ме уапсат, туку да ме скинат со приказната „давал отпор“, очигледно по мафијашки принцип. Човекот е проблем, ако го нема човекот – нема ни проблем. Не се откажале, ама молчат – изјави Додик.
Тој нагласи дека не се чувствува изолирано и дека се движи нормално.
Треба да се пука на полицијата на Република Српска ако го брани Додик?!
На прашање за сценариото што го повикуваат дури и пратеници од партијата на Бакир Изетбеговиќ (СДА) – дека треба да се пука на полицијата на Република Српска ако го брани – Додик рече дека никој не треба да настрада и ги замоли сите да бидат рационални.
– Ова е политички процес. Ние и нашите пријатели ја гледаме оваа ситуација така што Кристијан Шмит, кого Република Српска не го признава за висок претставник, го прекрши меѓународното право, а муслиманите го поддржаа. И сега човек, што не е легитимен, носи одлуки што јас, како легитимно избран претседател на Република Српска, треба да ги почитувам – наведе Додик.
Тој истакна дека има достоинство и карактер и дека тоа секојдневно го покажува, и дека никогаш не го примил Шмит – ниту ќе го прими.
– Некои го примија, па сега се извинуват дека нема повеќе, а некои се тајно среќаваат со него. Јас не сум човек што мисли дека ќе остане овде засекогаш, но имам намера да се борам за Република Српска додека имам поддршка од народот – нагласи Додик.
Додик рече дека за него најголема сатисфакција е тоа што народот го поддржува во она што го прави, што, според него, го покажува и последното истражување –-со поддршка од 62% за него лично, и 40% за партијата СНСД, а заедно со коалициските партнери – 50%.
– И сега мене, кој имам ваква поддршка, муслиманската инквизиција преку лажниот Шмит и лажното Обвинителство на БиХ ме гони и ми порачува да се повлечам – рече Додик.
Тој додаде дека и странци од Брисел му предложиле да се повлече.
– Тоа филмче нема да го гледаат. Нема да се повлечам дури и ако дојде НАТО да ме апси – порача Додик.
„Не се откажувам од воен сојуз со Србија и Унгарија“
Претседателот на Република Српска изјави дека Република Српска не отстапува од новиот Устав, ниту од тоа да биде дел од воениот сојуз на Србија и на Унгарија и дека за тоа ќе биде испратено писмо во следните неколку дена.
– Во тој воен сојуз го гледаме и прашањето за внатрешна безбедност. Имаме ресурси и во тој поглед можеме да соработуваме и да имаме заеднички вежби со полицијата на Унгарија и на Србија – изјави Додик за „Вечерње новости“.
Додик вели дека опозицијата во Српска не учествува во донесувањето на новиот устав бидејќи „го слуша Сараево“ и потсети дека Република Српска има право на војска и гранична полиција според Дејтон и Уставот.
– Не бараме ништо ново, важно е да се одржи референдум пред донесување на Уставот и тоа ќе биде разгледано – рече Додик.