🎥ЗА САМО 5 МЕСЕЦИ РАБОТА ПРИ КРАЈ Е ИЗГРАДБАТА НА БУЛЕВАРОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Крај на децениската голгота за 100.000 граѓани
За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии, објави скопскиот градоначаник Орце Ѓорѓиевски.
Булеварот Борис Трајковски е пред завршување, работите се реализираат пред предвидениот рок, соопшти денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„По 30 години чекање, за само 5 месеци работа, булеварот Борис Трајковски е пред завршување. За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии“ објави скопскиот градоначаник на социјалните мрежи.
Тој истакна дека со реализацијата на проектот повеќе од 100.000 граѓани ќе добијат модерен и безбеден булевар што треба да придонесе за полесно секојдневно движење и намалување на сообраќајниот метеж.
Ѓорѓиевски сподели видео од извршениот увид во изградбата на сообраќајницата кон Драчево.