📷 📽 ВУЧИЌ СЕ СЛИКАШЕ СО ПОВРЕДЕНИОТ ПОЛИЦАЕЦ ВО ПРОТЕСТИТЕ Кој го нападна Лазар Бакиќ?
Tој е ужасно повреден, има сериозни физички повреди, изјави српскиот претседател додавајќи дека нема повеќе да ја толерира „обоената револуција“ и дека ќе биде уапсен секој што ќе врши насилство.
Српскиот претседател Александар Вучиќ го посети полицаецот Лазар Бакиќ кој беше нападнат за време на седумчасовната блокада на српската радиотелевизија РТС во протестите кои избувнаа во понеделникот.
– Tој е ужасно повреден, има сериозни физички повреди – изјави Вучиќ додавајќи дека нема повеќе да ја толерира „обоената револуција“ и дека ќе биде уапсен секој што ќе врши насилство.
View this post on Instagram
Полицаецот се здобил со тешки повреди на окото пред зградата на Јавната служба. Според српски Б92 бил нападнат одзади. На социјалните мрежи се појави снимка од моментот на нападот:
@andamiros0Blokada RTS-a♬ original sound – andamiros0
Според Вишото јавно обвинителство во Белград, кое ѝ наложи на полицијата итно да ги идентификува напаѓачите, „постојат основи за сомнение дека неколку лица нападнале припадници на жандармеријата и ги удирале одзади, во момент кога припадниците на жандармеријата минувале за да ја обезбедуваат зградата на РТС“.
Српски Н1, пак, тврди, дека полицаецот не бил нападнат од демонстрантите туку од друг полицаец. Повикувајќи се на снимка објавена на социјалната мрежа Икс, Н1 пишува дека жандарм удрил маж во цивилна облека на улицата Абердарева и дека врз основа на облеката која ја носи нападнатиот, наводно може да се заклучи дека тоа е Лазар Бакиќ.