📷 ВУЧИЌ ЈА ПОСЕТИ ПРАТЕНИЧКАТА КОЈА ДОЖИВЕА МОЗОЧЕН УДАР ВО СРПСКОТО СОБРАНИЕ „Јасмина ќе победи, Србија ќе победи“

„Во посета на Јасмина Обрадовиќ. Верувам во нејзината сила. Јасмина ќе победи, Србија ќе победи!“, напиша српскиот претседател Аександар Вучиќ на Инстаграм.

1,079

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја посети пратеничката Јасмина Обрадовиќ, која доживеа мозочен удар при денешните инциденти во Собранието кога опозицијата фрли шок-бомба.

„Во посета на Јасмина Обрадовиќ. Верувам во нејзината сила. Јасмина ќе победи, Србија ќе победи!“, напиша Вучиќ на Инстаграм.






Претходно, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ ѝ порача на опозицијата во Собранието:

„Ако ѝ се случи нешто на Јасмина Обрадовиќ, ако го загуби животот, во Србија сте почнале нешто што досега не е видено. Срам да ви е, вие сте терористичка банда“.

Поврзани содржини