Во Србија пристигнал бразилскиот сој, лекарите велат дека е многу опасен и смртоносен

Има многу млади луѓе кои се поврзани со уреди за вештачко дишење, а најчесто се заразени со британскиот сој на коронавирусот. Но, постојат индикации дека и бразилскиот сој на коронавирусот е присутен во Србија, предупреди директорката на српската ковид-болница во Батајница, Татјана Аџиќ Вукичевиќ.

4,607

Директорката на ковид болницата во Батајница, во Белград, Татјана Аџиќ Вукичевиќ, за РТС изјави дека има индикации дека бразилскиот сој на коронавирусот се појавил во Србија и дека британскиот вид е сè уште најприсутен меѓу пациентите.

Taa предупреди дека секој нов сој од вирусот е полош и кога станува збор за преносливоста и кога станува збор за смртноста и апелираше до граѓаните да се вакцинираат.






– Има многу млади луѓе кои се поврзани со уреди за вештачко дишење, а најчесто се заразени со британскиот сој на коронавирусот. Но, постојат индикации дека и бразилскиот сој на коронавирусот е присутен во Србија. Секој нов сој на вирусот е многу поопасен во однос на преносливоста и смртноста – истакна Аџиќ Вукиечвиќ.

Поврзани содржини