ЧАКАЛ ИЗГРИЗА ДЕТЕ ВО КАМП ВО ГРЦИЈА Вознемирувачки инцидент во Неос Мармарас
Детето, кое е од Србија, веднаш било пренесено во болница, каде што раната била обработена и сошиена, а потоа било префрлено на лекување во државната болница во Солун.
Диво животно влегло во камп во познатото грчко летувалиште Неос Мармараси и влегло во шатор во кој престојувало семејство од Србија со мало дете.
Според грчките и српските медиуми, животното го нападнало детето, при што му нанело повреди во пределот на лицето. Инцидентот се случил околу еден час по полноќ.
Детето веднаш било пренесено во болница, каде што раната била обработена и сошиена. Потоа било префрлено на лекување во државната болница во Солун. Според последните информации, неговата здравствена состојба е добра.
Ловечката федерација на Македонија и Тракија, повикувајќи се на болнички извори, соопшти дека станува збор за напад од чакал. За случајот е известена и Шумската управа во Полигирос, чии служби трагаат по животното.
Случајот предизвика дополнителна загриженост, бидејќи само два дена претходно, на плажа во поширокиот регион на Неос Мармарас, диво животно нападнало 55-годишен маж и го повреди во пределот на вратот.
Чакалите вообичаено ги избегнуваат луѓето, поради што ваквото однесување се оценува како невообичаено.