ВО ЦРНА ГОРА ВО ПЕНЗИЈА НА 67 ГОДИНИ Недостигот од работници ја натера власта на овој непопуларен потег

Според образложението од властите, целта на оваа мерка е да се прилагоди системот на потребите на пазарот на трудот и да се одговори на барањата на синдикатите, кои учествувале во процесот на дискусија околу законските измени.

118

Во Црна Гора од денеска стапија на сила измените во Законот за работни односи, со кои законската возраст за пензионирање ќе се врати од 66 на 67 години.

Според образложението од властите, целта на оваа мерка е да се прилагоди системот на потребите на пазарот на трудот и да се одговори на барањата на синдикатите, кои учествувале во процесот на дискусија околу законските измени.

Измената на законот предизвика реакции кај граѓаните кои сметаат дека ваквата промена ќе значи подолг работен век и дополнителен притисок врз работниците. Особено загриженост постои кај лицата што работат во физички напорни дејности, каде продолжувањето на работниот век се смета за нереално.

Дел од јавноста реагира дека ваквите мерки може да доведат до намалување на квалитетот на живот по пензионирањето, но експертите  укажуваат дека зголемувањето на старосната граница е тренд во повеќе европски земји.

Поврзани содржини