ДАВАЛЕ КАПАР, ОСТАНАЛЕ БЕЗ СТАН Скопјанка „лапнала“ пари преку Фејсбук
Со лажни огласи за станови на Фејсбук, осомничената измамила четири лица и им земала пари за непостоечки кирији
Двајца млади луѓе од Тетово останале без пари откако поверувале во оглас за изнајмување стан на социјалните мрежи, но наместо клучеви, останале со празни раце.
Од полицијата информираат дека против 24-годишна скопјанка е поднесена кривична пријава, откако со лажни огласи на Фејсбук успеала да измами повеќе лица.
Според информациите, таа преку профил на социјалната мрежа се претставувала дека нуди станови под кирија. За да „резервираат“ стан, од заинтересираните барала капар.
Четири лица од Тетово ѝ поверувале и ѝ дале пари, но по уплатата, становите никогаш не ги добиле.
На овој начин, осомничената се стекнала со противправна корист од вкупно 45.900 денари.
Случајот се случувал во текот на 2025 и 2026 година, а по пријавите од оштетените, полицијата ја документирала измамата и поднела кривична пријава.