ВЛАДАТА ДАДЕ ДОЗВОЛА ЗА БРЗИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ Арсовска треба да склучи договор со Бесими и со Бочварски

349

Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа и усвои Информацијата во врска со продолжување на постапката за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“, со Предлог договор за имплементација и даде поддршка проектот да продолжи да се реализира.

Според Информацијата од ресорното министерство, во текот на септември, од Град Скопје е соопштено дека се планира продолжување на проектот, за којшто на 21 април 2021 година Град Скопје и ЕБОР склучија Проектен договор за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“.






Предлог Договорот за имплементација на проектот согласно Проектниот договор, треба да го склучат Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје.

Поврзани содржини