МОРТУС ПИЈАН МЕКСИКАНЕЦ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Инцидент на забава во општинскиот парк

Манифестација во паркот во Ѓорче Петров завршила со полициска интервенција и приведување на 31-годишен државјанин на Мексико. Полицијата тврди дека бил агресивен, а алкотестот покажал 2,30 промили.

0

Триесет и едногодишен Мексиканец бил приведен синоќа во Ѓорче Петров, откако, според полицијата, најпрво одбил да се легитимира, а потоа нападнал полицаец.

„Се однесувал агресивно, а потоа физички и со тврд предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија“, соопшти Министерството за внатрешни работи.






Инцидентот се случил околу 21 часот во паркот каде што се одржувала манифестација. По приведувањето полицијата утврдила дека 31-годишникот бил под дејство на алкохол.

„Утврдено е и дека Х.И.Б.Л. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,30 промили во крвта“, наведува МВР.

По целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини