📽️ 12 СЕКУНДИ БЕА ДОВОЛНИ ЗА СЕНЗАЦИЈА ВО УФЦ Еден лев кроше го урна олимпискиот шампион

Гејбл Стивсон влезе во октагонот како непоразен олимписки шампион и огромен фаворит, но борбата заврши пред практично и да почне. Шон Шараф го погоди со лев кроше и за само 12 секунди приреди една од најголемите сензации на УФЦ 331 во Лос Анџелес.

4

Само 12 секунди му беа потребни на Шон Шараф за да го урне непоразениот Гејбл Стивсон. Олимпискиот првак во борење падна по силен лев кроше, а судијата Френк Триг веднаш потоа ја прекина борбата.

Стивсон до мечот стигна со скор 4-0 во професионалната ММА-кариера и со поранешниот шампион Џон Џонс во својот агол. Шараф, пак, ги имаше загубено претходните две борби во УФЦ.

 






– Се чувствувам неверојатно. Работев многу, се молев многу и верував во себе кога никој друг не веруваше – рече Шараф по победата.

Камерите ја снимија и реакцијата на Џон Џонс, кој од аголот го следеше молскавичниот пораз на својот штитеник. Стивсон со тоа го претрпе првиот пораз во ММА и неговиот скор сега е 4-1.

Нокаутот на Шараф е трет најбрз во историјата на тешката категорија во УФЦ.

 

 

Поврзани содржини