МУРИЊО ЧЕТИРИ МИНУТИ ГИ ОБВИНУВАШЕ СУДИИТЕ Вакво дерби не е за неискусен судија

Жозе Мурињо жестоко реагираше по поразот на Реал Мадрид од Атлетико со 2-1 и посочи две ситуации во кои, според него, домаќините требало да добијат црвени картони. Португалецот го отвори и прашањето зошто за големото мадридско дерби бил избран судија без меѓународно искуство.

0

Жозе Мурињо не го премолче судењето по поразот на Реал Мадрид од Атлетико. Тренерот на „кралевите“ четири минути од прес-конференцијата посвети на арбитрите, а пред новинарите покажа и фотографии од спорните стартови.

„Тоа се два чисти црвени картони. Потоа имавме многу проблеми со играч помалку, а јас само сакам да ги прегрнам моите играчи, кои одиграа одлично прво полувреме, покажувајќи класа и карактер“, рече Мурињо.






Во центарот на неговите критики беше судијата Мигел Анхел Ортиз Аријас. Мурињо го проблематизираше неговото искуство, но и начинот на кој бил одреден за дербито. Ортиз Аријас првпат судеше првенствено дерби меѓу Атлетико и Реал.

„Сè беше многу чудно“

– Уште пред една недела се знаеше кој ќе суди, иако вообичаено тоа се дознава 24 часа пред натпреварот. Судијата има 41 година и не е меѓународен судија, па според тоа, не може да се очекува дека е врвен судија – рече Мурињо.

Тој се осврна и на ВАР-судијата Трухиљо, споменувајќи претходни натпревари на Реал во кои тој бил дел од судискиот тим.

 

– Кутриот судија, кој досега судел само помали натпревари, и ВАР-судијата со долга историја со Реал Мадрид – рече Португалецот.

Реал особено протестираше по стартот на Кристијан Ромеро врз Џуд Белингем и интервенцијата на Канг-ин Ли врз Федерико Валверде. Ромеро доби жолт картон, додека стартот на Ли не донесе исклучување.

Фотки за доказ

Мурињо на прес-конференцијата не остана само на зборови. Пред новинарите покажа лист со фотографии од двете ситуации за кои смета дека требало да завршат со црвени картони за Атлетико.

Атлетико на крајот победи со 2-1, а Реал второто полувреме го играше со десетмина откако Дин Хојсен беше исклучен по прекршокот врз Џулијано Симеоне. Од добиениот пенал Алехандро Грималдо погоди за водство, а Џонатан Дејвид подоцна ја зголеми предноста на домаќините.

Поврзани содржини