ВЕЛЕШАНЕЦ Е ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО СВОЈОТ ДВОР На главата имал траги од крв
Во СВР Велес во вторникот во 13.25 часот, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дворот од семејната куќа бил пронајден починат 63-годишниот Г.К. од Велес со траги од крв во пределот на главата, информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска.
Велешанец бил пронајден мртов во дворот од својата куќа, со видливи траги од крв на главата.
Во СВР Велес во вторникот во 13.25 часот, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дворот од семејната куќа бил пронајден починат 63-годишниот Г.К. од Велес со траги од крв во пределот на главата, информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска.
Таа појасни дека лекар констатирал смрт, увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.