ИВАНОВСКИ ГО СРУШИ БРАТОТ НА ЦИЦИПАС ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ Македонското дуо продолжува да гази во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го совлада Павлос Циципас по повеќе од два часа борба и два драматични сета. Во четвртфиналето се пласира и Олег Приходко, кој преживеа вистински резултатски ролеркостер.

75

Калин Ивановски го доби најтешкиот испит во Загреб. Македонскиот тенисер славеше над Павлос Циципас со 2-0 во сетови и обезбеди место меѓу најдобрите осум на ИТФ М25 турнирот.

Мечот траеше 2 часа и 13 минути. Првиот сет донесе вистинска тениска шаховска партија без ниту еден брејк. Одлуката падна во тај-брејкот, каде Ивановски покажа повеќе нерви и славеше со 10-8.






Во вториот сет двајцата тенисери повторно сигурно сервираа. Клучниот момент дојде во 11-тиот гем, кога Ивановски го направи единствениот брејк на натпреварот и потоа рутински ја завери победата со 7-5.

Македонски успех во Загреб донесе и Олег Приходко.

Првиот носител фуриозно го отвори мечот против Хлиб Секачов и првиот сет го доби со убедливи 6-0. Потоа следеше пад во играта, па противникот израмни на 1-1 во сетови.

Во решавачкиот дел Приходко повторно ја презеде контролата. Направи брејк за 4-3 и ја зачува предноста до крајот за победа од 2-1 и пласман во четвртфиналето.

Денот за македонското дуо не завршува тука. Ивановски и Приходко ќе настапат и во конкуренција на двојки, каде ќе се обидат да го продолжат победничкиот ритам во Загреб.

Поврзани содржини