СОФИЈА СЕ ОГРАДУВА ОД СКАНДАЛОТ СО НОТАТА Според бугарското МНР, документот е за далечното минато

Информациите што циркулираат во јавноста во последните денови се однесуваат на вербална нота од 6 јануари 2026 година и се однесуваат на настани од далечното минато. Во моментов, оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна закана за безбедноста на граѓаните на Бугарија или друга земја, вели бугарското МНР и уверува дека строго ги почитува правилата за дипломатска комуникација меѓу двете земји.

126

Дипломатската нота за која реагира македонскиот премиер се однесува за „настани од далечно минато“, реагира бугарското МНР во врска со скандалот со објавување доверлива нота за патувањето на синот и сопругата на Христијан Мицкоски кои го посетиле Пампорово.

Официјална Софија тврди и дека не дистрибуирала нота со информации за членови на семејството.






„Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на Бугарија на членови на семејството на официјален претставник на друга земја. Информациите што циркулираат во јавноста во последните денови се однесуваат на вербална нота од 6 јануари 2026 година и се однесуваат на настани од далечното минато. Во моментов, оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна закана за безбедноста на граѓаните на Бугарија или друга земја. Министерството за надворешни работи придава големо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и строго ги почитува“, се вели во соопштението на бугарското МНР.

Реакцијата доаѓа откако бугарскиот амбасадор во Македонија вчера беше повикан во Министерството за надворешни работи на Македонија. Македонската страна побара темелна за тоа како патувањето на семејството на премиерот се нашло во јавноста. Претходно, премиерот Мицкоски изјави дека го известил и НАТО за документот со кој, како што вели, се загрозува безбедноста на неговото семејство.

Станува збор за допис од македонската Амбасада во Бугарија до бугарското МНР во кој меѓу друго има детали за обезбедувањето на семејството на Мицкоски, имиња на членови на обезбедувањето, возилата со кои патуваат, комуникациските уреди кои ги користат, какво вооружување носат со себе и друго.

Поврзани содржини