ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ Попладне можни локални врнежи и грмежи
Сончево и топло време со температури до 37 степени, а во попладневните часови во одделни региони се можни локални врнежи, грмежи и засилен ветер.
Сончево и многу топло време со температури до 37 степени Целзиусови нè очекува во текот на денот, а во попладневните часови во делови од земјава ќе има услови за локална нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 14 степени во Маврово до 20 степени во Гевгелија, додека дневните ќе достигнат од 28 степени во Маврово до 37 степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во одделни делови од котлината во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 19 до 36 степени Целзиусови.
Според најавите на метеоролозите, и за време на викендот ќе се задржи претежно топло време. Во сабота ќе биде променливо сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од североисточен правец, а температурите ќе достигнат до 38 степени.
Во недела времето повторно ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од источен правец. Максималната температура ќе достигне до 38 степени Целзиусови.