📽️ ГИ УЛОВИЈА СРЕДЕ ЊУЈОРК, ДАЛИ Е ОВА НОВ ХОЛИВУДСКИ ПАР? Кејт Хадсон и Хавиер Бардем ги потпалија социјалните мрежи

Обожавателите веднаш се запрашаа дали се родила нова холивудска романса, но зад сцените се крие снимање на нов филм.

1

Кејт Хадсон и Хавиер Бардем привлекоа големо внимание откако беа фотографирани во страстен бакнеж на улиците на Менхетен. Сепак, не станува збор за нова холивудска романса, туку за сцена од снимањето на романтичната комедија „Hello & Paris“.

Филмот е инспириран од романот „That Part Was True“ на Дебора Мекинли. Бардем го игра ликот на познат писател кој минува низ креативна криза, додека Хадсон е независна пејзажна архитектка. Нивната приказна започнува во Париз, а продолжува во Њујорк.






Фотографиите од снимањето брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа бројни реакции кај обожавателите на двајцата актери.

 

Поврзани содржини