МАКЕДОНКА ЌЕ ЈА ГАЗИ ТРЕВАТА НА ВИМБЛДОН! Неверојатен успех за Лина Ѓорческа и македонскиот тенис

Лина Ѓорческа стана првата тенисерка од Македонија која ќе настапи на главниот турнир на Вимблдон, по убедлива победа во финалето на квалификациите.

141

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа за првпат ќе настапи на главниот турнир на Вимблдон, откако со убедлива победа во квалификациите обезбеди пласман на најпрестижниот гренслем во светот.

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го оствари најголемиот успех во својата кариера, станувајќи првата Македонка која ќе учествува во главната ждрепка на еден гренслем турнир – легендарниот Вимблдон.






Во финалното коло од квалификациите, Ѓорческа со сигурна и доминантна игра ја совлада Италијанката Лусија Бронцети со 2:0 во сетови, 6:1 и 6:2, со што обезбеди место меѓу најдобрите на светот.

Македонската тенисерка од почеток до крај го контролираше натпреварот, не дозволувајќи и на противничката да се врати во игра, и со стил го завери историскиот пласман.

Овој успех претставува огромен момент за македонскиот спорт, бидејќи за првпат една тенисерка од Македонија ќе настапи на главниот турнир на Вимблдон, еден од најпрестижните во светот.

Пласманот на главниот турнир освен спортска сатисфакција максимално го зголеми паричното салдо на Ѓорческа, која веќе има обезбедено награда од 100.000 долари со самото учество со најдобрите на Вимблдон. Името на противничката во историската пресметка на терените во Лондон ќе ја дознаe на утрешната ждрепка.

Поврзани содржини