УКРАЛ 7.000 ЕВРА ОД ПОМОШНА ПРОСТОРИЈА Приведен е 54-годишен жител на Гостивар

Тој се сомничи дека во периодот од 12.00 до 13.00 часот во помошна просторија од куќа на Р.Н.(71) од Гостивар извршил кражба, при што одзел околу 7.000 евра во разни апоени, се вели во полицискиот билтен.

286

Полцијата пронајде 7.000 во апоени кај 54-годишен кавадарчанец со живеалиште во Гостивар. Лицето се сомничи дека ги украл парите од помошна просторија од куќа. Кај него биле пронајдени и одземени дел од парите, информираше Министерството за внатрешни работи.

„На 20.03.2025 во 23.15 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Т.(54) од Кавадарци, со живеалиште во Гостивар. Тој се сомничи дека во периодот од 12.00 до 13.00 часот во помошна просторија од куќа на Р.Н.(71) од Гостивар извршил кражба, при што одзел околу 7.000 евра во разни апоени“, се вели во полицискиот билтен.






Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, информира гостиварската полиција.

Поврзани содржини