УАПСЕН ПОЗНАТ ХОЛИВУДСКИ РЕЖИСЕР Нетфликс го тужи, 11 милиони долари потрошил на луксузни автомобили и мебел

Холивудскиот сценарист и режисер Карл Ерик Ринш е уапсен под обвинение за измама и перење пари.

815

Холивудскиот сценарист и режисер Карл Ерик Ринш е уапсен под обвинение за измама и перење пари.

Имено, Карл Ерик Ринш е уапсен под обвинение дека искористил 11 милиони долари добиени од Нетфликс за снимање на научно-фантастична серија која всушност никогаш не била реализирана, ја искорисил за инвестирање во криптовалути и купување луксузни автомобили. Набавките вклучуваат 638.000 долари на луксузни душеци; 295.000 долари за луксузна постелнина; 180.000 долари на кујнски апарати; 5,4 милиони долари за мебел; и 1,68 милиони долари на два Ролс ројс, се наведува во пресудата. Според обвинението, тој купил пет ролс ројс втомобили и едно ферари за 2,4 милиони долари. Тој, исто така, ја платил киријата за својот дом во Шпанија и правните сметки за да го следи Нетфликс за прекршување на договорот во арбитражата.






Карл Ерик Ринш е најпознат по филмот „47 Ronin“. Сè уште не се знае дали Ринш ангажирал адвокат. Од друга страна, Нетфликс одби да го коментира случајот.

Обвинителите рекле дека Нетфликс првично платил околу 44 милиони долари за да ја купи недовршената серија наречена „Белиот коњ“, подоцна преименувана во „Conquest“, од Ринш, но на крајот додал уште 11 милиони долари откако режисерот рекол дека му требаат толкава сума за да ја заврши серијата.

Според пишувањата на медиумите, Ринш наместо дополнителните пари да ги искористи за да го заврши производството, тајно ги префрлил парите на лична сметка, а потоа „направил“ низа неуспешни инвестиции. Така Ринш успеал да изгуби речиси половина од споменатите пари.

Тој потоа го префрли остатокот од парите на пазарот на криптовалути, што се покажа како профитабилен потег за него.

Сепак, никогаш ништо не бидна од серијата, па тужбата била неизбежна. Ринш е уапсен во Холивуд и треба да се појави пред федералниот суд во Калифорнија.

Обвинението против него е покренато во Њујорк. Доколку биде прогласен за виновен за сите обвиненија, на Ринш му се заканува затворска казна.

 

Поврзани содржини