ТРАМП ГИ ЗАОСТРИ ОГРАНИЧУВАЊАТА НА ИЗВОЗОТ НА ЧИПОВИ КОН КИНА Најпогодена највредната американска компанија
Nvidia неодамна се обиде да ја врати својата позиција на кинескиот пазар. Компанијата некогаш генерираше милијарди долари приходи таму, пред тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг речиси да ги запрат операциите.
САД воведоа трговски ограничувања против Кина кои важат не само за директниот извоз во Кина, туку и за компании во странство кои имаат свое седиште или матична компанија во Кина, соопшти Канцеларијата за индустрија и безбедност на САД.
„Ограничувањата важат не само за директен извоз во Кина, туку и за компании во странство кои имаат свое седиште или матична компанија во Кина“, соопшти Канцеларијата за индустрија и безбедност на САД во новите упатства објавени во недела на веб-страницата на Министерството за трговија.
Новата мерка сугерира дека Вашингтон одржува цврст став кон Пекинг, дури и кога Трамп неодамна се обиде да создаде похармоничен однос со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Овие ограничувања ги вклучуваат и најмоќните производи на Nvidia.
Nvidia неодамна се обиде да ја врати својата позиција на кинескиот пазар. Компанијата некогаш генерираше милијарди долари приходи таму, пред тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг речиси да ги запрат операциите.
За Nvidia, највредната компанија во светот, односите со Кина се од големо финансиско значење. Главниот извршен директор Јенсен Хуанг претходно го опиша кинескиот пазар на чипови со вештачка интелигенција како можност од повеќе милијарди долари.