📽️ СЕМЕЈСТВОТО ТРАМП НАИДЕ НА ОТПОР ВО АЛБАНИЈА Протести и турканици на стартот на проект вреден 1,4 милијарди евра

Локални жители и активисти се судрија со обезбедувањето на почетокот на изградбата на луксузното одморалиште на островот Сазан. Проектот е поврзан со Иванка Трамп и Џаред Кушнер, а се гради во близина на заштитеното подрачје Нарта.

0

Компанија поврзана со Иванка Трамп и со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер почна со реализација на еден од најголемите туристички проекти во Албанија. Но, отворањето на градилиштето не поминало мирно.

Видеоснимките објавени на социјалните мрежи покажуваат турканици и физички пресметки меѓу демонстрантите и обезбедувањето. На едно од видеата се гледа како демонстрант е одвлечен од местото на настанот, додека полицијата не интервенира.






Проектот го развива компанијата „Афинити партнерс“, која претходно беше поврзу вана и со најавите за изградба на Трамп кула во Белград.

Поранешна воена база ќе стане луксузно одморалиште

Компанијата купила земјиште на островот Сазан, најголемиот остров во Албанија.

Планот е поранешната советска воена база да биде претворена во луксузен туристички комплекс вреден околу 1,4 милијарди евра.

Албанските власти го поддржаа проектот и покрај критиките од еколошките организации и дел од локалното население.

„Лајме јаворе“ претходно напиша дека рокот за изведба бил продолжен до крајот на 2026 година поради тензиите. Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека островот Сазан никогаш не бил заштитетно подрачје освен за војниците во времето на Енвер Хоџа.

 

Албанија не се откажува од проектот

Според медиумските извештаи, одморалиштето треба да се гради во близина на заливот Нарта, подрачје познато по ретките растителни и животински видови.

Токму поради тоа активисти и граѓани протестирале против почетокот на изградбата.

И покрај протестите, албанските власти немаат намера да го стопираат проектот.

Според проценките на владата во Тирана, изградбата ќе продолжи според планот, а луксузното одморалиште треба да биде завршено во 2028 година.

Поврзани содржини