ЛАНИ СЕ НАПРАВЕНИ 249 МИЛИОНИ БЕЗГОТОВИНСКИ ПЛАТЕЖНИ ТРАНСАКЦИИ Повеќе од 71% од плаќањата се извршени преку електронски уреди
Раст е забележан и кај плаќањата во е-трговијата и на ПОС-терминалите, што укажува на натамошно јакнење на дигитализацијата и довербата во електронските канали за плаќање.
Во 2025 година биле извршени 249 милиони безготовински платежни трансакции, што претставува годишен раст од 7,1%, при вредност од 9.719 милијарди денари и раст од 36,4% на годишна основа, покажува Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во првиот квартал од 2026 година што го разгледа Советот на Народна банка.
„Растот е поттикнат од сѐ почестото користење на платежните картички и од континуираното зголемување на електронските кредитни трансфери, што упатува на поширока прифатеност на електронските начини на плаќање“, се наведува во Извештајот.
Бројот на платежни трансакции со платежни картички пораснал за 8,4%, при што нивното учество во вкупните безготовински плаќања достигнало 69,1%. Раст е забележан и кај плаќањата во е-трговијата и на ПОС-терминалите, што укажува на натамошно јакнење на дигитализацијата и довербата во електронските канали за плаќање. Кај граѓаните, 71,7% од електронските кредитни трансфери биле иницирани преку мобилни уреди.
На крајот на 2025 година, во земјата имало околу 2 милиона платежни картички, од кои 98,7% овозможуваат бесконтактни плаќања, додека 97,4% од ПОС-терминалите биле подготвени за бесконтактна технологија.
Дополнително во 2025 година има намалување на поплаките од банките и штедилниците
-Бројот на поплаките доставени до банките и штедилниците се намалил за 4,1% во однос на 2024 година. Во корист на клиентите биле решени 71,5% од поплаките- се наведува во извештајот за поплаки.