НЕВРАБОТЕНОСТА ПОНИСКА ОД ЛАНИ ЗА 2,4% Загрижува податокот дека повеќе од 103.000 луѓе работат во сивата економија

Најголем дел од неформално вработените се во дејноста земјоделство, шумарство и рибарство, каде што се евидентирани 58.213 лица, односно 56,4% од вкупниот број неформално вработени. Во градежништвото се концентрирани дополнителни 16%.

0

Бројот на невработените лица во третото тримесечје од 2026 година изнесува 89.593 и бележи намалување од 0,5% во споредба со претходното тримесечје, а во однос на истиот период лани е намален за 2,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од годинава активното население изнесува 797.775 лица, од кои 708.182 се вработени, а 89.593 се невработени.






Стапката на активност изнесува 52,4 %, стапката на вработеност е 46,5%, додека стапката на невработеност изнесува 11,2%.

Бројот на вработени лица бележи зголемување од 0,4% во споредба со третото тримесечје од 2025 година. Од вкупниот број вработени, 57,6 проценти се мажи, а 42,4 проценти се жени.

Во структурата на невработените, мажите учествуваат со 62,1%, а жените со 37,9%.

Во третото тримесечје од 2026 година бројот на неформално вработените изнесува 103.177 лица, што е зголемување од 2,1% во однос на претходното тримесечје.

Најголем дел од неформално вработените се во дејноста земјоделство, шумарство и рибарство, каде што се евидентирани 58.213 лица, односно 56,4% од вкупниот број неформално вработени. Во градежништвото се концентрирани дополнителни 16%.

Поврзани содржини