АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ Пчеларите навреме да ги заштитат своите пчели
Град Скопје информира дека на 1 и 2 јуни, во раните утрински часови, ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на целото градско подрачје. Пчеларите се повикани навреме да преземат мерки за заштита на пчелите.
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2026 година (понеделник) и на 02.06.2026 година (вторник), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Градот ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.