МАКЕДОНИЈА Е СЛИЧНА НА АВСТРАЛИЈА Монтела објасни зошто ја избрал нашата репрезентација
Ја избравме Македонија бидејќи мислам дека нивниот стил на игра е сличен на оној на Австралија. Верувам дека ова ќе биде сличен тест на натпреварот што ќе го играме против Австралија на Мундијалот. Нашата прва цел е да ја минеме групната фаза, изјави селекторот на Турција пред пријателскиот меч со Македонија.
Селекторот на Турција, Винченцо Монтела смета дека македонската репрезентација е идеален тест пред мундијалските предизвици.
– СП е огромен турнир. Земјите добиваат шанса да ја покажат својата фудбалска култура на теренот. Ја избравме Македонија бидејќи мислам дека нивниот стил на игра е сличен на оној на Австралија. Верувам дека ова ќе биде сличен тест на натпреварот што ќе го играме против Австралија на Мундијалот. Нашата прва цел е да ја минеме групната фаза. Потоа ќе размислуваме натпревар по натпревар и ќе видиме до каде можеме да стигнеме – изјави Монтела на денешната прес-конференција.
За македонската репрезентација ова ќе биде уште еден силен тест против учесник на Светското првенство, по пријателскиот натпревар со Босна и Херцеговина, додека за Турција дуелот ќе претставува важна проверка пред настапот на најголемата светска фудбалска сцена.
Натпреварот помеѓу селекциите на Турција и Македонија се игра во Истанбул на стадионот „Шукру Сарачоглу“ на Фенербахче во понеделник со почеток од 18:30 часот.