AЛИЈАНСА НА СЕЛА СТАНА АЛБАНСКА ЛИГА „Носиме одговорност пред идните генерации“

Зијадин Села, кој беше избран за претседател на новата партија, во своето обраќање по изборот, оцени дека и оваа функција носи одговорност кон членството, делегатите и идните генерации.Тој посочи дека Албанска Лига нема да биде дел од Владата.

0

Во Тетово каде се одржа конгресот на партијата Алијанса за Албанците на Зијадин Села, политичкиот субјект беше преименуван во Албанска Лига.  Со 713 гласа „за“, колку што денеска имало делегати, Зијадин Села е избран за претседател и на Албанската лига, беше соопштено на Конгресот кој се одржа под мотото „Лигата е жива“.

Зијадин Села во своето обраќање по изборот, оцени дека и оваа функција носи одговорност кон членството, делегатите и идните генерации.






– Некој можеби мисли дека сум навикнал често да се качувам на оваа сцена, но не е така. Секогаш се искачува со емоции и со чувство на одговорност. Таа одговорност, порано како Алијанса за Албанците, а денес како Албанска лига, ја имаме пред генерациите што ќе ги наследат одлуките кои денес ги носиме – рече Села.

Во продолжение на говорот тој посочи дека Албанска Лига нема да биде дел од Владата.

– Вратите на срамот никогаш не се затвораат. Тоа е врата на срамот. Низ таа врата Албанската лига и нејзините пратеници нема да влезат. Албанската лига и нејзиното наследство од Алијансата за Албанците знаат и да излезат од тие врати, како што покажале во минатото – изјави Села.

Конгресот ја усвои политичката платформа на Албанската лига, како и повеќе резолуции предложени од партијата.

Поврзани содржини