📽️ ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР ЗА АЗИЛ ЈА РАЗБРАНУВА ХОЛАНДИЈА Полицаец турна бремена жена, следеше хаос
Полициска интервенција во центар за баратели на азил во холандскиот град Зајст прераснала во инцидент што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Полициска интервенција во центар за баратели на азил во холандскиот град Зајст прераснала во хаотична сцена. Бремена жена била оттурната и паднала на земја. Во истиот момент нејзиниот сопруг се стрчал кон полицаецот и го нападнал.
Снимките од инцидентот брзо се прошириле на социјалните мрежи. Според локалните медиуми, мажот бил Палестинец кој претходно дознал дека членови на неговото семејство во Газа загинале во конфликтот. Емоциите кулминирале истата вечер.
Полицијата претходно била повикана во центарот по пријави за оштетување на имот и закани со нож. Жената само побарала да го придружува својот сопруг до притворниот центар. Тогаш дошло до турканицата.
Од полицијата соопштија дека видеата што кружат во јавноста не ја прикажуваат целата случка. Според нив, на снимките се гледа само дел од интервенцијата.
Истрагата за настанот е во тек.