ОДОБРЕНИЕ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО ЗА ДЕЦА ЌЕ СЕ ВАДИ И ВО САБОТА Поради летниот наплив шалтерот ќе работи и за викенд

Шалтерот за услугата во МВР ќе работи 08 до 18 часот преку недела, додека во сабота од 08 до 12 часот.

353

Одобрение за патување во странство за деца до 14 години во Скопје ќе може да се извади и во сабота. Министерството за внатрешни работи извести дека, како и во изминатите годнини, за летото го проширува работното време поради очекуваниот зголемен број барања.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот период, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на ‘Одобрение за патување во странство за малолетни лица’ (деца до 14 години), во наредниот период од понеделник до петок ќе работи од 08:00 до 18:00 часот, а услугата ќе биде овозможена и во сабота со работно време од 08:00 до 12:00 часот, со цел да одговориме на сите барања на граѓаните“, соопшти МВР.






Поврзани содржини