ЛОВЕЛЕ „ПЕДОФИЛИ“ СО ЛАЖЕН ПРОФИЛ НА 14-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Шестмина битолчани договарале средби со лица, снимале и ги понижувале

Шест лица и 15-годишник од Битола заработија кривични пријави за насилство, злоупотреба на лични податоци и неовластено снимање и самовластите. Тие се претставувале како 14-годишно девојче на социјалните мрежи мамејќи лица на средба за потоа да ги снимаат лицата и да ги принудуваат да дадат изјава дека „се педофили“.

28

Лажен профил, договорена средба и камера в рака. Вака, според кривичната пријава на МВР, група млади битолчани со месеци се претставувала како 14-годишно девојче на социјалните мрежи.

Мажите кои прифаќале средба не наидувале на девојче. Наместо тоа биле снимани, навредувани и изложувани на јавно понижување.






Снимките подоцна завршувале на интернет. Заедно со нив се објавувале и лични податоци на лицата кои претходно биле намамени преку лажниот профил.

Поради овој случај кривична пријава заработиле Н. Р. (22), М. И. (19), О. Н. (19), Л. Г. (19), А. Д. В. (18) и 15-годишник од Битол.

„По пристигнување на договорените локации, оштетените биле пресретнувани од членовите на групата, снимани без нивна согласност, навредувани, омаловажувани, психички малтретирани и принудувани да даваат изјави дека се „педофили“, а создадените видео записи и нивните лични податоци биле јавно објавувани на социјални мрежи, со што кај оштетените предизвикале чувство на страв, понижување и загрозување на нивната сигурност“, соопшти МВР.

Полицијата соопшти дека против групата се поднесени кривични пријави за насилство, злоупотреба на лични податоци, неовластено снимање и самовластие.

Поврзани содржини