ФИЛИПЧЕ ИНСИСТИРА НА РЕФЕРЕНДУМ „Бугари во Устав нема да му наштетат на македонскиот идентитет“

Лидерот на СДСМ смета дека дали ќе ги продолжиме преговорите со Европската унија зависи само од власта, која како што вели, тоа очигледно не го сака. Останува на ставот дека внесувањето на Бугарите во Уставот на никаков начин нема да го загрози македонскиот идентитет. Според Филипче власта е должна да организира референдум за граѓаните да се изјаснат за иднината на земјата.

1

Мицкоски нема право да го блокира европскиот пат на Македонија, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарко прашање. Филипче нагласи дека власта е должна да им овозможи на граѓаните да се изјаснат за иднината на земјата во која живеат.

– Власта има обврска да распише референдум, затоа што нема право да го запре европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе обезбедат подобра преговарачка позиција и никогаш не кажаа дека ќе го блокираат европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе го вратат името, дека ќе укинуваат Преспанскиот договор, договорот за добрососедство и ништо од тоа не направија – рече Филипче.






Филипче смета дека дали ќе ги продолжиме преговорите со Европската унија зависи само од власта, која како што вели, тоа очигледно не го сака. Останува на ставот дека внесувањето на Бугарите во Уставот на никаков начин нема да го загрози македонскиот идентитет.

– Дали ќе ги продолжиме преговорите зависи од власта, а од власта очигледно не сакаат. Ги плаши граѓаните дека е загрозен јазикот, идентитетот и не знам која друга идентитетска одредница на македонскиот народ, со цел да не се направи чекорот којшто не носи никаков ризик, а тоа се уставните измени. Така да, билатералните прашања со било која земја членка на Европската Унија не се никаков дел од нашата преговарачка рамка и тоа граѓаните мора да го знаат,изјави филипче во одговор на новинарско прашање пред почетокот на конгресот на НСДП.

Според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со лажни ветувања дека ќе го врати името и пропаганда и нема право да ја држи државата надвор од европскиот процес.

Запрашан дали уставните измени ќе бидат посебно барање од Софија на европскиот пат на Македонија, лидерот на СДСМ одговори дека билатералните прашања се решаваат билатерално и дека никако не можат да влијаат или да го сопрат европскиот пат, односно отворањето и затворањето на кластерите, така како што го поминале секоја една земја којашто се приклучила во Европската Унија.

Лидерот на опозицијата порача и дека, како што вели, „бандата предводена од Мицкоски ќе одговара и ќе ги враќа парите“.

Поврзани содржини