📽️ 12 ЗАГИНАТИ ВО ДВЕ СООБРАЌАЈНИ ТРАГЕДИИ ВО ТУРЦИЈА Меѓу жртвите се бебе и татко
Дванаесет лица загинале, а 44 биле повредени во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција. Во едниот од случаите автобус излетал од патот кај Денизли и се запалил. Вчера беше последниот ден од муслиманскиот празник Курбан Бајрам, забележуваат агенциите и додаваат дека во овој период често има голем број сообраќајни несреќи поради густиот сообраќај.
Дванаесет лица, меѓу кои бебе и неговиот татко, загинале, а 33 биле повредени во две тешки сообраќајни несреќи во Турција, при што најмногу жртви однела автобуска несреќа во близина на Денизли.
Осум лица загинале, а 33 биле повредени кога автобус излетал од патот, удрил во заштитна ограда и се запалил, објави турската државна телевизија ТРТ Хабер.
Автобусот сообраќал на релацијата Измир-Анталија. Несреќата се случила на автопатот Денизли-Ајдин во близина на Сарајкој. Меѓу загинатите се бебе и неговиот татко.
Првичните информации од истрагата укажуваат дека возачот ја изгубил контролата врз автобусот непосредно пред несреќата. Истражителите разгледуваат повеќе можни причини. Меѓу нив се технички дефект и момент на невнимание.
Десетици патници биле префрлени во болница. Дел од нив се здобиле со потешки повреди. Засега не се соопштени дополнителни детали за нивната состојба.
View this post on Instagram
Уште една тешка сообраќајна несреќа се случила во друг дел од Турција. Во неа загинале четири лица. Не се објавени повеќе информации за околностите под кои се случил вториот инцидент.
Двете несреќи заедно однеле 12 животи.
Вчера беше последниот ден од муслиманскиот празник Курбан Бајрам, забележуваат агенциите и додаваат дека во овој период често има голем број сообраќајни несреќи поради густиот сообраќај.