Том Хенкс и сопругата покажаа што јадат додека се во карантин ФОТО

2,526

Холивудскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон во моментот закрепнуваат од коронавирусот во болничка изолација, откако се заразија во текот на престојот во Австралија.

Двојката, која е во брак веќе 30 години, таму го снимаше биографскиот филм за Елвис Присли, а Рита имаше настап и во славната Опера хаус во Сиднеј.






Овојпат холивудскиот актер им открил на своите следбеници што тој и неговата сопруга јадат и им се заблагодарил на луѓето кои му носат храна.

Хенкс на Инстаграм споделил фотографија од леб со намаз и чаша вода, наговестувајќи дека најлошиот дел поминал. Исто така, во фотографијата вклучил и мал кенгур и симпатична коала, во знак на почит кон оние кои им помогнале.

„Им благодариме на помагачите. Ајде да водиме сметка за себе и за другите. Хенксови“, напишал Хенкс во својата објава.

Tom Hanks and Rita Wilson are treating themselves to some Vegemite.

 

 

FOTO: Instagram/Printskrin

Фото: EPA-EFE/Daniel Dal Zennaro

Поврзани содржини