САД НЕ ИМ ДОЗВОЛУВААТ НА СОЈУЗНИЦИТЕ ДА ИСПРАТАТ РАКЕТИ „ПАТРИОТ“ НА УКРАИНА Киев има само неколку ракети, градовите се незаштитени

Неименуван висок украински функционер вели дека Киев буквално има „само неколку“ ракети „Патриот“ во своите магацини, кои се нивната единствена сигурна одбрана од руските балистички ракети, а американскоот министер за војна Пит Хегсет не дава дозвола сојузниците да испратат од своите зачихи „Патриот“ на Украина.

296

Белата куќа ја блокираше испораката на противвоздушни ракети „Патриот“ во Украина, потврдија американски претставници.

За испраќање на овие пресретнувачки ракети од сојузничките земји кои сакаат да му помогнат на Киев е потребно официјално одобрение од американскиот министер за војна Пит Хегсет. Бидејќи САД се производители на овој систем за противвоздушна одбрана, тие го задржуваат целосното право да го контролираат оружјето. Како што дознава „Вашингтон пост“, Хегсет формално не ги отфрлил договорите со трети земји, туку одбива да ги преземе потребните административни чекори за да ги одобри.






Поради оваа тивка блокада, украинските залихи пресушија. Неименуван висок украински функционер изјави за „Пост“ дека Киев буквално има „само неколку“ ракети „Патриот“ во своите магацини, кои се нивната единствена сигурна одбрана од руските балистички ракети.

Одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го запре распоредувањето на клучните ракети – додека одобрува некои други форми на помош – доаѓа во време кога Трамп сè повеќе отворено го напаѓа украинскиот претседател Володимир Зеленски и ја менува американската надворешна политика во корист на Русија. Трамп инсистира дека украинските напади врз руските рафинерии се виновни за неконтролираните цени на горивата на бензинските пумпи.

Покрај тоа, американскиот претседател вели дека Зеленски намерно избегнува крај на војната за да ја зачува власта и отворено повикува на негово отстранување.

– Зеленски е човек кој требаше да ја реши оваа војна одамна. Да ме слушаше и да се сетеше на Овалната соба, сè ќе беше решено одамна. Мислам дека дојде време некој друг да преговара во име на Украина. А Русија, да бидам искрен, е сосема во ред со Украина. Тие не правеа Бог знае што – рече Трамп.

Зеленски ги нападна САД за криење разузнавачки информации. Тој предупреди дека во понеделникот наутро Киев добил предупредување за руски балистички напад врз главниот град само 60 секунди пред нападот во кој Русите испукале 16 балистички ракети.

„Го поздравивме буквално секој обид на нашите партнери да ја завршат оваа војна со достоинство. Исклучително е важно да се нарече сè со сè. Мораме да го наречеме агресорот агресор и да ѝ помогнеме на Украина да ги заштити човечките животи. Кога испораките на ракети за украинската воздушна одбрана се блокирани, додека Русија истовремено добива одложувања и укинување на санкциите, ова е, за жал, негирање на реалноста од страна на нашите партнери“, објави Зеленски.

Паралелно со притисокот врз Киев, Трамп сигнализира дека е подготвен да седне со рускиот претседател Владимир Путин и со кинескиот лидер Си Џинпинг на самитот во Кина следниот месец, за да разговараат за прекинување на војната. Тој состанок, од кој Зеленски би бил целосно исклучен, беше предложен од Кремљ.

Додека се подготвува теренот за тој состанок, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, патува во Осло на разговори со Зелените и со европските лидери, објавува Аксиос. Домаќинот на состанокот, норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, заедно со претставници на групата Е4, Европската Унија и НАТО, ќе се обидат да се договорат за заеднички европско-украински мировен предлог, кој Виткоф потоа треба директно да му го однесе на Путин во Москва.

Утрово, Зеленски потврди и дека имал телефонски разговор со американскиот шеф на дипломатијата, Марко Рубио, за најважните прашања.

„Прво, ракети за пресретнување на балистичките ракети, кои ни се неопходни за да спасиме животи. Второ, рано предупредување за руските балистички напади, што е од клучно значење. Трето, ситуацијата со Старлинк и воениот систем Старшилд, чијашто работа мора да се обнови“, објави Зеленски.

КОЈ ИМА РАКЕТИ „ПАТРИОТ“ ВЕДНАШ ДА Ѝ ГИ ДАДЕ НА УКРАИНА Калас предложи државите подоцна да си ги обноват залихите

Поврзани содржини