КОЈ ИМА РАКЕТИ „ПАТРИОТ“ ВЕДНАШ ДА Ѝ ГИ ДАДЕ НА УКРАИНА Калас предложи државите подоцна да си ги обноват залихите

Производството на „Патриот“ бара време, а на Украина ѝ се потребни овие системи веднаш. Една опција е земјите-членки и партнерите да испорачаат ракети на Украина од сопствените залихи, рече високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ.с.

0

 

Европската Унија треба да го забрза процесот на вооружување за да ја достигне својата цел за 2030 година, порача високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ.






Европската Унија усвои план за подготвеност за одбрана за 2030 година, кој предвидува забрзување на инвестициите во одбраната во сите земји-членки и затворање на празнините во одбранбените капацитети.

Планот вклучува 4 водечки иницијативи: европската иницијатива за одбрана од беспилотни летала; зајакнување на надзорот на источните граници; европскиот небесен штит и европскиот вселенски штит.

– На Европа ѝ е потребна решителна промена во обемот и темпото на инвестициите во одбраната, развојот на капацитетите, иновациите и индустриските капацитети – рече Калас.

Една од темите на министерскиот состанок беше понатамошната воена помош за Украина. Калас ги повика земјите-членки кои имаат системи за воздушна и ракетна одбрана „Патриот“ во своите залихи да ги испорачаат на Украина, на која итно ѝ се потребни сега, а тие би можеле да ги надополнат своите залихи подоцна.

– Производството на „Патриот“ бара време, а на Украина ѝ се потребни овие системи веднаш. Една опција е земјите-членки и партнерите да испорачаат ракети на Украина од сопствените залихи во замена за подоцнежна испорака што ќе биде финансирана од заемот за поддршка на Украина – рече Калас.

Земјите-членки минатата недела деблокираа 6,6 милијарди евра од Европскиот мировен фонд за Украина по повеќе од 3 години. Парите беа блокирани поради вето од поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан.

Европскиот мировен фонд првично беше користен за компензација на земјите-членки што ја снабдуваа Украина со оружје од сопствените залихи. Од 6,6 милијарди евра, 4,7 милијарди евра ќе бидат искористени за оваа намена.

Поврзани содржини