📽️ ЧЕТИРИ ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО ВАШИНГТОН Полицијата блокираше дел од улица во близина на Белата куќа

Пукањето се случило во населбата Логан Серкл, на околу 1,6 километри северно од Белата куќа. Полицијата засега не ги соопштува околностите на инцидентот.

0

Четири лица се повредени во пукање што се случило во четвртокот наутро во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу 1,6 километри северно од Белата куќа. Полицијата интервенирала на повеќе локации, а дел од улицата е блокиран со полициска лента.

Според информациите од локалната полиција, засега не се познати точната локација на пукањето и околностите под кои се случил инцидентот.






Полицијата ги повика граѓаните да го избегнуваат подрачјето околу блокот 1500 на 15-та улица. Таму се наоѓаат фитнес-центарот „VIDA“, црквата „Свети Лука“ и станбени објекти, во близина на супермаркетот „Whole Foods“.

Поголемиот дел од улицата е ограден со полициска лента, додека полициски екипи извршувале интервенции на повеќе локации.

Засега нема дополнителни информации за состојбата на повредените, ниту за евентуално приведени или осомничени лица.

 

Поврзани содржини