📷 ТАЈГЕР ВУДС И СНААТА НА ТРАМП ЈА ПОТВРДИЈА ВРСКАТА Објавија заеднички емотивни фотографии
Легендарниот голфер Тајгер Вудс и Ванеса Трамп, поранешна сопруга на Доналд Трамп помладиот, и официјално ја потврдија својата врска на Инстаграм.
Легендарниот голфер Тајгер Вудс и Ванеса Трамп, поранешна сопруга на Доналд Трамп помладиот, и официјално ја потврдија својата врска на Инстаграм.
По повеќе од една недела гласини за нивната врска, парот конечно потврди дека се заедно.
Вудс, 49-годишниот повеќекратен освојувач на Мастерс и Ванеса, 47-годишната поранешна снаа на американскиот претседател Доналд Трамп, ја споделија веста со своите следбеници на социјалните мрежи.
„Љубовта е во воздухот и животот е подобар со тебе покрај мене! Му се радуваме на нашето заедничко патување низ животот. Во овој момент бараме почитување на приватноста на сите оние кои ни се блиски“, напишал Вудс на 23 март на својот инстаграм-профил.
View this post on Instagram
Заедно со емотивната објава, Тајгер споделил и две фотографии. На една од нив, парот се релаксира заедно на висечка лежалка, додека Ванеса ја ставила раката околу неговото рамо. На втората фотографија двајцата се прегрнати, стоејќи рамо до рамо, насмеани и видно среќни. Ванеса набргу ја споделила неговата објава на нејзината инстаграм-приказна, дополнително потврдувајќи ја нивната врска.
Објавата доаѓа само неколку дена откако нивните деца, Чарли Вудс (16), синот на Тајгер и неговата поранешна сопруга Елин Нордегрен, и Каи Трамп (17), ќерката на Ванеса и Доналд Трамп помладиот, учествувале на престижниот „Junior Invitational“ турнир во голф клубот „Sage Valley“ во Јужна Каролина.
Потсетуваме, минатиот месец Тајгер ја посетил Белата куќа за да го одбележи месецот на црната историја. По тој повод, американскиот претседател уште еднаш го пофалил како „еден од најголемите голфери во светот“. Во 2019 година, на Вудс му бил доделен Претседателскиот медал на слободата, највисокото цивилно признание во Соединетите држави.
„Со него можеме да кажеме дека сме во присуство на вистинска легенда – исклучителен спортист кој целосно го трансформирал голфот и достигнал нови нивоа на доминација. Тој е исто така и прекрасна личност“, рекол тогаш американскиот лидер.
Ванеса поднесе барање за спогодбен развод од Доналд Трамп помладиот во Њујорк на 15 март 2018 година. По разводот, таа немаше ниту една позната или јавно експонирана врска. Доналд Трамп помладиот остана близок советник на својот татко, а исто така презеде дел од империјата на семејниот бизнис. Нивната ќерка Каи и синот на Вудс, Чарли сонуваат за професионална кариера во голф, а се чини дека двете семејства сè повеќе се поврзуваат.