МАЈКЛ ДАГЛАС И КЕТРИН ЗЕТА-ЏОНС СЛАВАТ РОДЕНДЕН Тој наполни 82, таа 57, а актерот откри кога знаел дека е таа вистинската

Мајкл Даглас на сопругата ѝ честиташе роденден со емотивна порака и извадок од своите нови мемоари, во кој пишува за моментот кога бил сигурен дека Кетрин е вистинската жена за него

32

Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс се родени во ист ден, на 25 септември. Даглас наполни 82 години, додека неговата сопруга слави 57. По тој повод, актерот на Инстаграм објави заедничка фотографија и извадок од своите претстојни мемоари „One Helluva Ride“.

Книгата ќе биде објавена на 6 октомври, а Даглас во неа се осврнува и на нивниот брак, кој трае речиси 26 години. Во извадокот пишува дека никогаш претходно не се вљубил во жена што ја гледал на филмското платно.






– Сè додека не ја запознав Кетрин. Беше маѓепсувачка на начин што ја надминуваше самата физичка убавина. Бев сигурен, како никогаш во животот, дека таа е вистинската личност за мене – напиша актерот.

Покрај извадокот од книгата, Даглас на сопругата ѝ упати и лична порака.

– Тоа е момент што го доживувате само еднаш во животот, ако сте доволно среќни. Моментот кога без никакво сомневање знаете дека ви е судено да бидете со некого. Среќен роденден, Кетрин! Те сакам засекогаш – напиша тој.

 

Pogledajte ovu objavu na Instagramu.

 

Objavu dijeli Michael Douglas (@michaelkirkdouglas)

Набргу потоа и Кетрин Зета-Џонс го одбележа нивниот заеднички роденден на Инстаграм. Таа објави фотографија на која двајцата се бакнуваат во море и му напиша:

– Среќен роденден, драги! Роденденски бакнеж за мојот сопруг Мајкл. Тоа што го споделувам овој ден со тебе ми е исто толку посебно како и самиот роденден. Те сакам.

 

Во коментарите се јави и најстариот син на Мајкл, 47-годишниот Камерон Даглас, кој актерот го има од бракот со Диандра Лукер.

– Среќен роденден на двете најпрекрасни личности што ги познавам. Ви посакувам уште многу години исполнети со љубов и среќа – им порача тој.

Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс се запознале во 1998 година на филмскиот фестивал во Довил, а се венчале во 2000 година. Имаат две деца – 26-годишниот син Дилан и 23-годишната ќерка Керис. Минатиот ноември прославија 25 години брак.

– На денешен ден пред 25 години одев кон олтарот. Опојниот мирис на цвеќето, сјајот на свеќите, одекот на хармоничниот велшки хор и ти на крајот од тој долг пат, како ме чекаш и ме гледаш на твојот единствен начин. Те сакам денес исто како и тогаш – напиша тогаш Кетрин, присетувајќи се на нивната венчавка.

Поврзани содржини