📽️ НЕВЕСТАТА ВО БЕЛО ОДЕЛО ОД АРМАНИ, А МЛАДОЖЕНЕЦОТ ВО КАВАЛИ Славната пејачка и фаталниот Италијанец се венчаа на интимна церемонија во Монталчино

Дов Камерон и Дамијано Давид се венчаа на интимна церемонија во италијанскиот град Монталчино, а привлекоа внимание со необичниот избор на облеката – и двајцата беа облечени во бели костуми.

0

Актерката и пејачка, позната по филмовите на „Дизни“, Дов Камерон се омажи за италијанскиот пејач Дамијано Давид, на интимна церемонија во Монталчино, Италија. Наместо класична венчаница невестата избрала бело одело по мерка, со сако со наметка, ремен околу половината, широки свечени панталони, бела кошула и вратоврска. Според повеќе извори, комбинацијата била од Армани. Дов имала и букет од бели кали. Дамијано, поранешниот фронтмен на „Манескин“, исто така носи бел, односно, кремаст костум од Кавали, односно, пантолони, сако со двојно закопчување, отворена кошула и свилена марама околу вратот.

Двојката пристигнала пред градското собрание во Монталчино со бела винтиџ „Ланчија“.  Пред влезот ги пречекале бројни обожаватели, а по церемонијата младенците биле поздравени со аплауз и извици „Бакнеж, бакнеж!“, по што се бакнале пред присутните.






На граѓанската церемонија имало околу 30 роднини и пријатели, а церемонијата ја водел градоначалникот на Монталчино, Силвио Франчешели. Прославата продолжила во луксузниот ресорт „Кастиљон дел Боско“, во близина на Монталчино.

Камерон и Давид ја започнаа врската во 2023 година, а во јануари годинава ја потврдија свршувачката. Тие првпат се појавија како пар на црвениот тепих во 2024 година, на гала-вечерта пред доделувањето на „Греми“ наградите.

Поврзани содржини