ФОТОГРАФИИ ОД ВЕНЧАВКАТА СЕ ПОЈАВИЈА ВО ЈАВНОСТА Тејлор Свифт се сомнева дека некој ја предал, ги испрашува дури и пријателите
Пејачката е вознемирена откако во медиумите се појавија досега необјавени фотографии од нејзината венчавка со Тревис Келси. Толку многу сака да открие кој ги доставил до новинарите што наводно размислува да ангажира и приватни детективи.
Тејлор Свифт (36) е вознемирена поради протекувањето фотографии од нејзината венчавка со американскиот фудбалер Тревис Келси (37). Иако двојката презела строги безбедносни мерки за да ги зачува деталите од прославата во тајност, фотографиите сепак завршиле во медиумите. Сега пејачката сака да дознае кој ја изневерил нејзината доверба.
Фотографиите, кои „Дејли мејл“ ги објави кон крајот на октомври, наводно биле направени на венчавката одржана на 3 јули во њујоршката сала „Медисон сквер гарден“. За настанот беа преземени посебни безбедносни мерки, а гостите и вработените беа предупредени да не откриваат детали од приватната прослава.
Според извор близок до пејачката, Свифт се сомнева дека фотографиите ги доставил некој од вработените во „Медисон сквер гарден“ или член на продукцискиот тим.
– Многу е напната. Се сомнева дека некој што работи во ‘Медисон сквер гарден’ или во продукцијата ги проследил фотографиите. Тејлор сака да дознае што се случило и затоа на сите им поставува прашања – изјавил извор за списанието „Стар“.
Пејачката наводно се обидува сама да открие кој стои зад објавувањето на фотографиите, но нејзината потрага по одговори почнала да создава непријатни ситуации и меѓу нејзините најблиски пријатели.
– Тоа доведува до непријатни ситуации, дури и меѓу нејзините пријатели – тврди изворот.
Доколку не успее сама да открие кој ги доставил фотографиите, Свифт наводно размислува да ангажира приватни детективи.
– Не ја исклучува можноста да ангажира приватни детективи ако тоа биде потребно за да открие кој ја предал – додал изворот.