И ПО 30 ГОДИНИ КАРИЕРА ГИ ИЗНЕНАДИ ОБОЖАВАТЕЛИТЕ СО ИЗГЛЕДОТ Роби Вилијамс ги покажа мускулите пред концертот во Аделаида

Британскиот пејач Роби Вилијамс (52) привлече големо внимание на социјалните мрежи откако објави фотографија без маица, на која ги покажа мускулите и тетоважите. Фотографијата ја сподели непосредно пред настапот во Аделаида, со кој на 7 ноември го започна австралискиот дел од својата светска турнеја „BRITPOP“.

0

Британскиот пејач Роби Вилијамс (52) ги изненади обожавателите со својата физичка трансформација. Пред почетокот на австралискиот дел од светската турнеја „BRITPOP“, тој објави фотографија без маица на која ги покажа мускулестите раце, градите и тетоважите.

– Едвај чекам повторно да бидам во Австралија. Се гледаме вечерва во Аделаида –  напиша пејачот покрај фотографијата.






Објавата предизвика бројни реакции, а обожавателите не го криеја воодушевувањето од неговиот изглед. Некои му порачаа дека изгледа одлично, додека други се присетија на годините во кои пејачот се соочуваше со проблеми со тежината и здравјето.

Но, зад денешниот изглед на пејачот стои долга и комплицирана борба со килограмите. Во 2023 година, Вилијамс отворено призна дека користел лекови за слабеење, откривајќи дека земал препарат сличен на „Оземпик“. Тогаш успеал да ослабне околу 12 килограми.

Сепак, слабеењето имало и сериозни последици. Минатата година пејачот откри дека во еден период јадел толку малку што му недостигале важни хранливи материи. Дури развил и скорбут, заболување предизвикано од сериозен недостиг на витамин Ц. Тоа го натерало да се соочи со последиците од претераното ограничување на храната.

Вилијамс претходно зборувал и за употребата на лекови за слабеење, а во ноември минатата година изразил загриженост дека терапијата со „Маунџаро“ можеби влијае врз неговиот вид. Тогаш рекол дека гледа заматено и дека проблемот се влошува, но признал дека сè уште не се консултирал со специјалист за можната поврзаност.

Инаку, Роби неодамна откри и дека, покрај претходно дијагностицираниот АДХД, му бил дијагностициран и аутизам. Отворено зборувал за тоа како новото сознание му помогнало подобро да разбере некои свои постапки и искуства.

Поврзани содржини