СОЛЗИТЕ НА МЕСИ НЕ БИЛЕ ПОРАДИ ФУДБАЛ Аргентински новинар откри низ што минува семејството

Аргентинскиот новинар Едуардо Фајнман тврди дека фудбалскиот ас е загрижен поради здравствената состојба на својот татко Хорхе, кој со месеци се соочува со здравствени проблеми.

263

Здравствената состојба на таткото на аргентинската ѕвезда наводно стои зад емотивната сцена што го обиколи светот.

Солзите на Лионел Меси по голот против Алжир биле поврзани со здравствените проблеми на неговиот татко, тврди аргентинскиот новинар Едуардо Фајнман.






Капитенот на Аргентина заплака по првиот погодок во победата од 3-0 на стартот од Светското првенство, а подоцна изјави дека причината немала никаква врска со фудбалот.

– Преживеав тешки и комплицирани денови. Благодарен сум им на соиграчите затоа што ми дадоа сила да бидам добро – рече Меси.

 

Според Фајнман, таткото на фудбалската ѕвезда, Хорхе Меси, веќе подолго време има здравствени проблеми, а во последните денови неговата состојба дополнително се влошила.

Новинарот тврди и дека Хорхе Меси во јануари имал медицински инцидент по кој бил хоспитализиран и подложен на дополнителни кардиоваскуларни и невролошки испитувања.

Хорхе Меси е една од најважните личности во кариерата на својот син. Освен што е негов татко, тој и денес ја води деловната страна од кариерата на осумкратниот освојувач на „Златната топка“.

Аргентина го отвори Мундијалот со победа од 3-0 над Алжир, а Меси го обележа натпреварот со хет-трик.

Поврзани содржини