📷 СКОПЈЕ ПЛАЧЕ ЗА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ Плоштадот Македонија потонат во болка

Присутните не држеа говори, ниту извикуваа пароли. Тие дојдоа да жалат и да порачaат дека Македонија не смее да го заборави Кочани и сите оние што останаа таму, засекогаш.

2,576

Попладнево, скопскиот плоштад Македонија пулсираше со болката на повеќе илјади граѓани, кои без зборови, со солзи во очите и со наведнати глави, им оддадоа почит на 59-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Граѓаните застанаа на плоштадот Македонија, каде единствено се слушаше ритамот на нивните срца – тажен, потиштен и бескрајно тежок.






Шеснаесет минути тишина – по една за секоја година на најмладата жртва од трагедијата – беа доволни за да се почувствува заедничката болка на една цела земја.

Присутните не држеа говори, ниту извикуваа пароли. Тие дојдоа да жалат и да порачaат дека Македонија не смее да го заборави Кочани и сите оние што останаа таму, засекогаш.

Во овие 16 минути молк, градот запре, а тишината стана погласна од секој збор. Плоштадот во Скопје беше симбол на солидарност, но и потсетник дека трагедијата не е само вест, туку отворена рана во срцата на илјадници семејства ширум земјата.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Поврзани содржини