Универзитетот во Сент Ендруз во Шкотска, еден од најстарите универзитети на светот, го тресе скандал откако повеќе од десетина жени тврдат дека биле жртви на силување и на други видови сексуални напади во неговиот кампус, а неколку од нив за нападите ги обвинуваат членовите на контроверзното братство, во американски стил.
Универзитетот, кој го посетувале и некои членови на британското кралско семејство, соопштил дека ќе соработува со полицијата на истражувањето на овие тврдења, кои се изнесени анонимно на Инстаграм-страницата на „St Andrews Survivors“ (Преживеани од Сент Ендруз), пренесува Си-ен-ен.
Повеќето обвиненија се на сметка на братството „Алфа Испилон Пи“, кое не е официјално друштво на универзитетот.
Огранокот на ова братство во Сент Ендруз суспендирало неколку свои членови по обвиненијата.
Овој престижен универзитет го посетувале принцот Вилијам и неговата сопруга, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.