Синдикатот до Владата: Бараме професионални кадри на раководните места во ЦУК
Синдикатот тврди дека со тоа професионално ќе се решаваат работите во органот на државата, а истовремено ќе се изедначи ЦУК, како орган на Владата,
Синдикат на вработените во Центарот за управување со кризи бара Владата при поставување на директори и заменици во институцијата да осбира професионалци и непартиски личности, луѓе од сферата на одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент.
– Со тоа професионално ќе се решаваат работите во органот на државата, а истовремено ќе се изедначи ЦУК, како орган на Владата, во поглед на поставувањето први луѓе на ЦУК, на пример, со Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Потоа и стандардот на вработените е потребно да оди во прогресија во тој поглед- велат од синдикатот на ЦУК во отвореното писмо до Владата.