СЕКНАА ЧЕШМИТЕ ВО МИЧУРИН Има дефект, екипите се на терен
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради изведување приклучок од Ф-80 милиметри на улица Венјамин Манџуковски 26 во населба Мичурин.
Без вода вечерва од 21:15 часот се дел од жителите од населбата Мичурин, лоцирани на улиците Венјамин Манџуковски и Анастас Митрев.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување приклучок од Ф-80 милиметри на улица Венјамин Манџуковски 26 во населба Мичурин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.