🎥 СЕГА СЕ ВО КАВГА ПОРАДИ 68 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Џенифер Лопез и Бен Афлек ниту по разводот не мируваат

Афлек сака да ја намали цената на нивната вила вредна 68 милиони долари, која е ставена на продажба, но се чини дека на пејачката не ѝ одговара тоа.

296

Поранешните сопружници Бен Афлек и Џенифер Лопез не може да се договорат околу една работа по разводот.

Афлек сака да ја намали цената на нивната вила вредна 68 милиони долари, која е ставена на продажба, но се чини дека на пејачката не ѝ одговара тоа, пишува „Јаху“.






Вилата е ставена на продажба пред девет месеци, но добро упатени извори тврдат дека засега никој не покажал интерес за неа. Агентите за недвижности наводно ѝ кажале на поранешната двојка дека треба да ја намалат цената за најмалку 15 отсто, со што се чини дека Бен се согласува, но Лопез наводно сè уште се држи до првичната цена.

Лопез и Афлек претходно тајно се обидоа заедно да го продадат својот поранешен дом, но бидејќи не успеаја, тие официјално го ставија на продажба. ТМЗ објави дека на крајот на септември минатата година добиле и прифатиле понуда од 64 милиони долари за вилата, но купувачите на крајот се повлекле.

Актерот и пејачката ја купиле во јуни 2023 година за 60,8 милиони долари и наводно ја преплатиле. Куќата содржи 12 спални соби и 24 бањи и зафаќа површина од нешто повеќе од 4.200 квадратни метри. Претходно, извори блиски до поранешната двојка изјавија дека ниеден од нив не бил пресреќен во вилата.

„Бен никогаш не ја сакал куќата. Таа е предалеку од неговите деца“, истакнал извор во јуни минатата година.

Лопез наводно чувствувала дека имотот е преголем за неа. По објавувањето на разводот, пејачката се преселила во куќа вредна 18 милиони долари во близина на Лос Анџелес, а Афлек веќе купил имот од 20 милиони долари во Пацифик Палисадес.

Поврзани содржини