САМО ФИЛИПЧЕ ЈА ТУРКА ТЕЗАТА ДЕКА ЌЕ ЗАПРАТ БУГАРСКИТЕ БАРАЊА Ако попуштиме, следни на маса се јазикот, културата, идентитетот…

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и Венко Филипче манипулираат со тезата дека уставните измени се последното барање од Бугарија на европскиот пат на Македонија. Партијата тврди дека следни на маса би можеле да бидат македонскиот јазик, историјата, културата и идентитетот.

1

Само на Венко Филипче и СДСМ им одговара да зборуваат дека уставните измени се последно барање од Бугарија на европскиот пат на Македонија, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Следни на маса за отстапки ќе бидат македонскиот јазик, култура, историја, идентитет и на ултиматумите и бугарските диктати ќе им нема крај, вели ВМРО-ДПМНЕ.






Иако знаат дека впишувањето на околу две, три илјади граѓани кои себеси се чувствуваат како Бугари не се последното барање или ултиматум кој доаѓа од источниот сосед, се вели во текстот.

„СДСM, Венко Филипче и тие околу него, за власт, моќ и амнестија на криминалите се спремни на сè и на нови национални предавства. Без око да им трепне, уште од прв ден, доколку би дошле власт, би направиле уставни измени со кои би ги вметнале Бугарите во македонскиот устав.

Но, како послушник и пиун на Румен Радев, Филипче се претвори во главен лобист во државава за прифаќање на бугарските диктати. Затоа потсетуваме на видеа од 2019 година, кое повторно стана актуелно на социјалните мрежи, од говор на Радев како тогашен претседател на Бугарија пред голем аудиториум на конференција во Русија, на којшто присуствувал и Владимир Путин, говорел за македонската историја во бугарски контекст.

Во своето тогашно обраќање, Румен Радев зборувал и дека Гоце Делчев е Бугарин и дека писменоста кај словенските народи дошла од Бугарија, а не од Македонија

Во тоа време владата во Македонија ја предводел Зоран Заев, а Венко Филипче беше министер и од нив како тогашна власт немаше никаква осуда за конкретниот говор на Радев, како што немаа реакција ни за изјавата на бугарската министерка која нè нарече северномакедонци.

Оттука јасно е дека бугарските власти немаат намера да застанат само на Бугарите во Устав, туку нивната намера е комплетно да ја редефинираат македонската историја, македонскиот јазик, култура и идентитет. И за тоа подизведувачи им се СДСM и Филипче.

Филипче јасно покажува дека доколку дојде на власт би им дозволил на Бугарите без никаква задршка, великанот Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули, Даме Груев да бидат Бугари кои се бореле за бугарската држава, а Кирил и Методиј да бидат бугарски просветители кои ги описмениле словенските народи. И после тоа, секако би следел и македонскиот јазик кој за нив нема да е проблем да речат дека постои од 1945 година, исто како и дека македонскиот идентитет е од по втората светска војна, а дека се пред тоа било бугарско.

Од СДСM и Венко Филипче друго и не се очекува, кога во свои редови го има Стево Пендаровски кој исто како и бугарските власти мисли за Гоце Делчев, како и Рубин Земон кој вели дека Делчев ништо не направил за Македонија.

Но времето на предавствата на СДСM, Филипче и Заев и на националните и идентитетски отстапки заврши.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните кои ја ценат и поддржуваат нашата достоинствена политика која носи просперитет и благосостојба на македонскиот народ, тоа нема да го дозволат.

Време е за реформи, не за прифаќање ултиматуми и уцени на штета на македонските идентитетски обележја“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини