МЗТ ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА Аеродромци дојдоа до 13 шампионска круна
МЗТ Скопје Аеродром со 3-0 ја затвори финалната серија против Маџари и стигна до 13. шампионска титула во историјата.
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата првак на Македонија, откако вечерва во третиот натпревар од финалната серија го совладаа дебитантот КК Маџари со 80:74 и со максимални 3-0 во победи го затворија финалето.
За МЗТ ова е вкупно 13. шампионска титула во клупската историја.
Домашниот тим добро го отвори натпреварот и ја доби првата четвртина со 26:21, но МЗТ возврати во вториот период и на пауза замина со предност од 42:46.
Маџари не се предаде и во третата четвртина целосно ја врати неизвесноста, израмнувајќи на 66:66 на пет и пол минути до крајот. Сепак, во завршницата искуството и рутината на МЗТ беа решавачки за конечна победа и нова титула.
Најефикасен во редовите на шампионот беше Војдан Стојановски со 17 поени, додека Душан Танасковиќ постигна 16 поени.
Кај Маџари се истакна Амар Хот со 20 поени и дури 18 скокови.
МВП признанието на финалната серија му припадна на Војдан Стојановски.