САД ЌЕ ПОВЛЕЧАТ АВИОНИ, ПОДМОРНИЦИ И БРОДОВИ ОД НАТО Американците ја редефинираат својата улога во Алијансата

Одлуката е соопштена на затворен состанок на директорите за политики на НАТО.

391

Вашингтон ги информираше европските сојузници дека постепено ќе го намалува бројот на стратешките бомбардери, борбените авиони, беспилотните летала, подморниците и на воените бродови што се ставени на располагање за потребите на НАТО.

Одлуката е соопштена на затворен состанок на директорите за политики на НАТО, а ја пренел советникот на Пентагон, Александар Веле-Грин, според двајца дипломати од Алијансата кои сакале да останат анонимни.






Според извештајот на медиумот Политико, овој потег е дел од долгорочната стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп за редефинирање на улогата на САД во НАТО и за фокусирање на региони како Индо-Пацификот.

Трамп претходно предизвика загриженост кај европските сојузници со најавата за повлекување на 5.000 војници од Германија, што подоцна беше делумно променето и дополнето со прераспределба на силите, вклучително и во Полска.

Поврзани содржини